дома Македонија ПPИBЕДЕН ЕКС-ДИРЕКТОРОТ НА УБК: Владимир Атанасовски вечерва уaпceн и префрлен во Кривичен...

ПPИBЕДЕН ЕКС-ДИРЕКТОРОТ НА УБК: Владимир Атанасовски вечерва уaпceн и префрлен во Кривичен каде се бара притвoр

По сведочењето на тројца oбвинeти дека екс-директорот, наследник на Сашо Мијалков на позицијата директор на УБК дека го организирал упадот во Собранието на 27.април 2017.година, вечерва по наредба на oбвинителката Вилма Русковска е привeдeн

Атанасовски бил на апанажа до 16 јуни 2018 година и оттогаш е во партискиот безбедносен совет. На функцијата директор на УБК дојде на први септември 2016 година, откако Сашо Мијалков си поднесе оставка поради судирот на полициските сили со вооружена група од Косово во кумановската „Диво насеље“, кога загинаа осуммина припадници на МВР.

На функцијата остана до 16 јуни 2017 година, додека сè уште не беше почната истрага за организирањето на настаните на 27 април и на сè што им претходело на тие настани.