дома Македонија Пpиcтигнaa гepмaнcкитe фopeнзичapи кoи ќe пoмaгaaт вo yтвpдyвaње нa пpичинитe зa пoжapoт...

Пpиcтигнaa гepмaнcкитe фopeнзичapи кoи ќe пoмaгaaт вo yтвpдyвaње нa пpичинитe зa пoжapoт вo Тетовo

Експертските тимови од Германија кои Владата ги најави и кои треба да спроведат стручна експертиза за причините за пожарот во модуларната болница во Тетово пристигнаа денеска, објави Алсат.

-Станува збор за експертски тим кој доаѓа од Германија, поточно од Бундескриминаламт или Федералната криминалистичка полиција (https://www.bka.de/EN/Home/home_node.html) чиј делокруг на работа е токму во национална и меѓународна соработка, истраги, истражувања и развој. БКА е со висока експертиза во поддршката при истраги, особено во делот на форензички науки, днк анализи, електронски истраги и идентификација, најавија од Владата.

Тимот експерти ќе соработува со МВР и ќе ја помага истрагата која ја води ОЈО.