дома Македонија ПPABИЛА ЗА ЗАЕВ НЕ ВАЖАТ: Paзpeшувања во Македонска навигација откако се pacпишани...

ПPABИЛА ЗА ЗАЕВ НЕ ВАЖАТ: Paзpeшувања во Македонска навигација откако се pacпишани избори

Правилата и законите за постапки во предизборен период важат само во случај ако и одговара на власта. Според Изборниот законик по распишување на избори не смее да се прават назначувања, именувања, како и разрешувања. За ова зборуваше и премиерот Зоран Заев. По распишувањето на изборите тој со ветување, поточно изјава „во овој период секој ќе седи таму каде што е, нема никакви paзpeшувања, ќе го почитуваме законот“.

Но, кога некој очигледно и смета на власта тогаш се забораваат правилата или Изборниот законик. Сосема вообичаено за однесувањетпо на Заев. Сменет е Климент Чепуњоски, односно paзpeшен од извршен директор на сектор техника и член на управен одбор на Македонска навигација, М-НАВ. Ова е формално поминато, а има и документ.

Наши извори укажуваат дека ингеренциите на одделот од каде е разрешен Чепуњоски се клучни за безбеднocта на летовите.

-Тој сектор е надлежен за радари кои ги следат авионите над македонското небо, потоа телекомуникациите и енергетиката се под овој сектор. Во принцип сектор техника во М-НАВ е основата за функционирање на комплетниот систем, вели нашиот извор.