Пpeвeдyвaчкa нa Пeнтaгoн шпиoниpaлa зa либaнcки Хeзбoлaх

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Поранешната преведувачка на Пентагон, Маријам Томпсон, се изјаснила за виновна за обид да пренесе информации за либанското шиитско дрвижење Хезболах за убиството на иранскиот генерал Касем Сулејмани, од страна на американските војници, соопшти американското министерство за одбрана.

На 3-ти јануари 2020 година, во американски воздушен напад со дронови на меѓународниот аеродром крај ирачката престолнина Багдад беше убиени генералот на елитните ирански сили Касим Сулејмани, кого западните разузнавачки служби го сметаат за главени креатор на експанзијата на влијанието на Иран и неговото воено влијание во регионот на Блискиот исток. Неговото убиство влошените односи меѓу Вашингтон и Техеран ги донесе на работ од отворена војна, во кој иранската страна ракетираше воени бази на американските трупи во соседен Ирак.

По нападит, непознато лица контактирало со Томпсон, кој работел во една од базите на Пентагон во странство, и се идентификувал како претставник на Хезболах, и притоа побарл соработка. Бидејќи против ова неименувано лице не е поднесено никакви обвинение, медиумите претпоставуваат дека станува збор за информатор на американските разузнавачки служби.

По барањето на тоа лице, Томпсон добила пристап до податоците за најмалку десет извори на американското разузнавање, вклучително и имиња и фотографии, како и нивните извештаи. Откако таа на разни налини му предавала информации на својот контакт, тој ја поканил на средба со воениот командант на Хезболах. Томпсон била уапсена на 27-ми февраури 2020 година, речиси месец ипол по иранските ракетни напади врз американските бази во Ирак.

Според американските медиуми, на Томпсон ѝ се заканува доживотна затворска казна и покрај тоа што ја признала вината.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This