дома Хроника Пpeгaзeн пeшaк вo Скопје, co тeшки пoвpeди пpeнeceн нa Kлиникa

Пpeгaзeн пeшaк вo Скопје, co тeшки пoвpeди пpeнeceн нa Kлиникa

Пешак е тешко повреден во несреќата што се случила вчера во 12.00 часот на ул.„Малешевска“ во Скопје.

Патничко возило „фиат брава“ со скопски регистарски ознаки, управувано од С.Р. (24) од Скопје, удрило во пешакот Ш.Е.(48) од с.Морани, скопско, велат од МВР.

Во незгодата, Ш.Е. се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во комплексот клиники „Мајка Тереза“.

Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.