Пpeкy 20 илjaди нoвoзaбoлeни вo Русија од Koвид-19

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Русија денеска објави за рекорден број на смртни случаи поврзани со Ковид-19 во Москва, во услови на пораст на бројот на нови инфекции, за кој, според властите, виновни се новиот делта сој на коронавирусот и бавниот напредок на програмата за вакцинација.

Работната група за коронавирус на руската влада информираше за 20.393 нови случаи на Ковид-19, од кои 7.916 во Москва, што е најголем дневен број на случаи од 24 јануари.

Така, вкупниот број на заразени лица во Русија се искачи на 5.409.088 од почетокот на пандемијата.

Исто така беше објавено дека 601 лице починале од последици поврзани со Ковид-19 во последните 24 часа, од кои 98 во главниот град, што го зголеми вкупниот број на смртни случаи во Русија на 132.064. Санкт Петербург исто така објави за 98 смртни случаи.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This