дома Македонија Пpeмиepот Заев дeнecкa ќe ja cooпшти oдлyкaтa зa пoнyдeнaтa ocтaвкa нa Филипче

Пpeмиepот Заев дeнecкa ќe ja cooпшти oдлyкaтa зa пoнyдeнaтa ocтaвкa нa Филипче

Премиерот Зоран Заев, денеска ќе излезе во јавноста со одлуката за понудената оставка од страна на министерот за здравство Венко Филипче.

Заев треба да соопшти дали ја прифаќа или ќе ја одбие оставка од првиот човек на министерството за здравство.

Вчера Филипче во 19 часот понуди оставка од функцијата, по трагедијата во Тетово во која загинаа 14 лица. Тој истакна дека ја понудува оставката до Заев од морален чин.

„Оваа трагедија во Тетово многу тешко ми падна. Како министер и како лекар имам интегритет, и затоа понудив оставка до премиерот Зоран Заев. Благодарам на сите за поддршката во овие изминати години“, рече вчера Филипче.