дома Македонија Пpeтепан претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Вевчани од роднина на градоначалникот

Пpeтепан претседателот на ОК на ВМРО-ДПМНЕ, Вевчани од роднина на градоначалникот

Во инцидент со употреба на физичко насилство денеска во Струга настрадал претседателот на Општинскиот комитет на ВМРО-ДПМНЕ во Вевчани Ѓорѓи Влајнкиноски.

Според полициски извори во Струга Влајнкиноски бил нападнат додека седел во кафуле во овој град.

Лицето кое го извршило нападот е зет за сестра на Јанковски и важи за најголем активист на СДСМ во Вевчани.

Инцидентот е пријавен во полиција а Влајнкиноски во моментов е во струшката болница, потврдуваат членови на неговото семејство.

Извор: Експрес