дома Македонија Пpeтceдaтeлoт Пендаровски во двoднeвнa пoceтa нa Укpaинa

Пpeтceдaтeлoт Пендаровски во двoднeвнa пoceтa нa Укpaинa

Претседателот Стево Пендаровски, од денеска (23 август 2021г.) до среда (25 август 2021г.) ќе престојува во работна посета на Украина, во чии рамки ќе учествува на одбележувањето на 30-годишнината од независноста на земјата.

Утре (24.08.2021 година), претседателот Пендаровски ќе присуствува на централниот настан по повод 30-годишнината од независноста на Украина кој ќе се одржи на плоштадот на независноста во Киев, и на кој ќе се обрати претседателот Володимир Зеленски, по што ќе следи и празнична парада на вооружените сили на Украина.

Во рамки на работната посета, претседателот Стево Пендаровски ќе оствари билатерална средба со претседателот на Украина, Володимир Зеленски, а на маргините на посетата, предвидена е и средба и со Шарл Мишел, Претседател на Европскиот Совет.

На прославата на 30-годишнината од независноста на Украина којашто се одржува под слоганот „Ти си моја единствена” е предвидено присуство на повеќе од четириесетина делегации од земји и меѓународни организации.