дома Временска Прогноза Пpeтeжнo oблaчнo, нajвиcoкaтa тeмпepaтypa дo 27 cтeпeни

Пpeтeжнo oблaчнo, нajвиcoкaтa тeмпepaтypa дo 27 cтeпeни

Времето во земјава ќе биде претежно облачно. На места ќе има појава на краткотраен дожд, претежно во југоисточните и западните делови.

Утринската температура ќе се движи од 7 до 16, а максималната ќе достигне од 20 до 27 степени.

УВ-индексот ќе изнесува 5.

Во Скопје, претежно облачно со слаб ветер од западен правец. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе достигне до 25 степени.

Во четврток ќе преовладува променливо облачно време со локален дожд, претежно во крајните западни и крајните источни делови. Температурата дополнително ќе се намали. Во петок и за време на викендот ќе преовладува стабилно и потопло време.