дома Хроника Пpeтpec во скопско Вapвapa, пpивeдeн kpиминaлeц зa пpeдизвикyвaњe oпштa oпacнocт, пpoнajдeн пишtoл

Пpeтpec во скопско Вapвapa, пpивeдeн kpиминaлeц зa пpeдизвикyвaњe oпштa oпacнocт, пpoнajдeн пишtoл

На 05.02.2021 година, по преземени мерки од страна на полициски службеници од Единицата за насилен криминал, извршен е претрес во дом и помошни простории кај А.М.(37) со престојувалиште во село Варвара, скопско.

Лицето се сомничи дека извршил кривично дело “предизвикување општа опасност” казниво по член 288 од КЗ на РСМ, извршено на 04.01.2021 година кога на улица “Јабланица” во Скопје било опожарено патничко моторно возило “aуди А4” со скопски регистарски ознаки. Oд пожарот било зафатено уште едно патничко моторно возило “форд мондео”.

При извршениот претрес кај А.М. пронајден и одземен е пиштол, рамка со куршуми како и поголема количина на куршуми за кои истиот не поседувал одобрение. Лицето е лишено од слобода. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.