дома Македонија ПPEKИНАТО ГЛАСАЊЕ ВО ПРИБИЛЦИ: Се навpeдиле од графит

ПPEKИНАТО ГЛАСАЊЕ ВО ПРИБИЛЦИ: Се навpeдиле од графит

Претседателот на МОСТ, Дарко Алексов, посочи дека се формирани статични и мобилни тимови кои ќе го следат изборниот процес.

Наведе дека, според информациите на МОСТ, сите гласачки места се отворени навремено и без проблеми.

Истакна дека на едно од гласачките места во село Прибилци е забележан графит со навpeдлива содржина, што бил исцртан минатата ноќ.

Имено, Алексов посочи дека во гласачко место во село Рич било пpekинато гласањето во времетраење од околу 50 минути, поради прекин на работата на УВ-ламбите.

– Нашиот систем е составен од неколку нивоа на проверка, во текот на целиот ден ќе излагаме со проверени и потврдени информации, нагласи претседателот на МОСТ.