дома Актуелно Пpoблeмот со платформата за учење на е само во Македонија – цел...

Пpoблeмот со платформата за учење на е само во Македонија – цел свет се соочува со истиот пpoблeм

Учениците кои оваа учебна година требаше да ја започнат „учејќи од далечина“, се уште не можат да се најават на системот преку кој треба да ги добиваат работните задачи и да присуствуваат на виртуелната настава.

Но, со ваков проблем се соочува најголемиот дел од развиениот свет.

Сите клауд базирани апликации на компанијата „Мајкрософт“, вклучително и апликацијата „Мајкрософт Тимс“ од 28.септември се недостапни за поголемиот дел од светот, информира „Форбс“.

Корисниците на „Мајкрософт Офис 365“, „Аутлук“, „Ексчејнџ“, „Шерпоинт“, „УанДрајв“ и „Азур“ исто така пријавуваат дека не можат да се логираат на клауд сервисите на „Мајкрософт“, а, како и во Макеоднија, добиваат порака за кодот на грешката поради која не работи сервисот – „Ерор 404“, пишува „Форбс.

Според американскиот магазин, се уште постои дилема дали апликациите на „Мајкрософт“ се цел на сајбер-напади, или пак се работи за технички проблем со серверите на компанијата.

Платформата за далечинско учење на Министерството за образование пак, е базирана токму на овие клауд сервиси на „Мајкрософт“.

Форбс