дома Временска Прогноза Пpoгнoзa нa УХMP: Hoви вpнeжи oд yтpe, пooбилни и нa мecтa пopojни...

Пpoгнoзa нa УХMP: Hoви вpнeжи oд yтpe, пooбилни и нa мecтa пopojни вo caбoтa и пoнeдeлник

– Нови врнежи од дожд кои наместа ќе бидат поројни и проследени со грмотевици, најавуваат метеоролозите за сабота и понеделник.

Од УХМР информираат дека под влијание на влажна воздушна маса од утре кон крајот на денот следува период на пооблачно време со повремени врнежи од дожд со променлив интензитет. Најоблачно и
најврнежливо ќе биде во сабота и во понеделник, кога на места врнежите ќе бидат поројни и проследени со грмежи.

Утринските температури утре ќе бидат во негатива во некои делови и ќе се спуштањт до минус четири, а од задутре ќе се движат од три до девет степени. Дневните температури ќе бидат од осум до 18 степени.