Пpoдoлжyвa бopбaтa co oгнoт кaj Дивљe и Кpyшje, изгacнaти нeкoлкy пoжapи

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Центарот за управување со кризи информира за состојбата со пожарите до 8 часот утринава.

Пожарот кај селата Дивље и Крушје уште е активен и се шири кон ливади со сува трева. На пожарот ќе се продолжи со гаснење во текот на денешниот ден.

Интервенираат ШС Караџица со 12 вработени; БППЗ со 5 пожарникари и 2 ПП возила.

Пожарот кој во текот на вчерашниот ден навлезе во атарот на село Џидимирци во општина Велес. Во раните утрински часови, екипа на ШС Бабуна Велес излегла на терен и констатирала дека во текот на ноќта врнело дожд и истиот е изгаснат.

Пожарот кај селото Раовиќ е изгаснат, откако интервенираа АРМ со 20 припадници; ШС Јасен со 3 вработени, НП Јасен со вработени, БППЗ со 3 пожарникари со едно противпожарно возило и хеликоптери на АРМ. Пожарот кај село Топлица, поточно од Ракле кон Крстец е изгаснат по интервенцијата на ШС Црн Бор Прилеп со 6 вработени.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This