дома Европа Пpoизвeдeнa нoвa pycкa вakцинa пpoтив Koвид-19, „Урал“: Ќe бидe eфикacнa пpoтив cитe...

Пpoизвeдeнa нoвa pycкa вakцинa пpoтив Koвид-19, „Урал“: Ќe бидe eфикacнa пpoтив cитe видoви нa кopoнaвиpycи

Фабриката „Медсинтез“ од регионот Свердловск ја прави својата вакцина „Урал“ против корона вирусот, а ќе биде ефикасна во борбата против кој било вид на корона вирусите, па дури и оние што можат да се појават во иднина, информира претседателот на Управниот одбор на „Медсинтез“ Александар Петров.

Еволутивниот процес на вирусот беше земен во предвид, вакцината е направена на посебен начин. Тоа е целосно нова технологија, затоа е иновативна вакцина – сооошти Петров, нагласувајќи дека вакцината треба да биде хипоалергична.

Како што објасни Петров, вакцината е добиена со методот на генетски инженеринг, а за нејзиното производство не е потребен вирусен патоген и други компоненти и елементи поврзани со инфективниот патоген, пренесува „Спутник“.

Петров додава дека во тек се претклинички испитувања на вакцината „Урал“ врз глувци, по што „Медсинтез“ ќе почне со клинички испитувања.

Вакцината ќе може да се транспортира и чува на температура од +2 до +8 степени во течна форма, што го поедноставува процесот на транспорт.

Во август, Министерството за здравство на Русија ја регистрираше првата вакцина во светот за превенција од Ковид-19, што ја изработи Центарот за научно истражување „Гамалеја“.

Вакцината наречена „Спутник 5“ се заснова на проучена и проверена платформа на хумани аденовирусни вектори, чии важни предности се безбедноста, ефикасноста и отсуството на долгорочни несакани ефекти.