дома Хроника Пpoнajдeни лицaтa штo ce изгyбиja нa Кoжyф

Пpoнajдeни лицaтa штo ce изгyбиja нa Кoжyф

Спасувачки екипи составени од полициски службеници од МВР, Шумската полиција, Шумско стопанство Гевгелија, ловното друштво „Елен“ од Гевгелија и членови на семејствата вечерва околу 22 часот на две издвоени локации на планината Кожуф ги пронајдоа В.Д. (70) и К.А. (58), за кои денеска во 17.30 ч. во ОВР Гевгелија беше пријавено дека се изгубиле откако во утринските часови заминале рекреативно да планинарат на планината Кожуф.

Лицата се во добра здравствена состојба.