дома Македонија Пpoтерајте уште некој дипломат: Филипче прашува зошто не дојдоа руските вакцини?

Пpoтерајте уште некој дипломат: Филипче прашува зошто не дојдоа руските вакцини?

Руските вакцини „Спутник В“, кои требаше да стигнат во мај не стигнаа, па Филипче очекува информација од Амбасадата на Руската Федерација во врска со дистрибуцијата. Во првите десетина дена од јуни, како што беше најавено и вчера, се очекуваат и кинеските од „Синовак“.

Сепак, и покрај тоа што се „ситни“ бројот на вакцини за прва доза, министерот Венко Филипче тврди дека имунизацијата нема да запре и повторно ги нагласи најавените донации од Бугарија и Грција, како и количините од „Фајзер“ (преку ЕУ и од директниот договор со компанијата) кои пристигнуваат на неделно ниво.

„За ’спутник‘ и ’Синовак‘ сè уште немаме точни датуми. ’Спутник‘ беше најавено дека ќе биде на крајот на мај, но не стигнаа, вчера разговарав со рускиот амбасадор и зеде обврска да искомуницира со институтот во Москва и да даде повратни информации. Најавата за ’Синовак‘ е за почетокот на јуни и така кажаа дека првите десетина дена треба да ги очекуваме. Имунизацијата нема за запре, завчера стигаа вакцините на ’Фајзер‘, тие ќе бидат дистрибуирани. Во текот на неделата очекуваме и други вакцини да стигнат, пред сè од Бугарија, понатаму и од Грција. По веќе поставениот механизам тие ќе се распределат и вакцинацијата ќе продолжи. Секако намалување на притисокот во однос на интересот, на бројот на пријавени луѓе, значајно очекувам кога ќе пристигнат вакцините на ’Синофарм‘. Тогаш таа количина ќе се распредели во сите вакцинални пунктови“, изјави Филипче.