Пpoтестна нота од Бугарија: Остра реакција на бугарското МНР откако со графити беше нaгрдена спомен плочата на жpтвите во бродската нecреќа на Охридското Езеро

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Непознати сторители со испишани графити ја нагрдиле спомен плочата поставена пред паметникот на бугарските туристи кои трагично настрадаа во бродската несреќа на Охридското Езеро.
На таблата пред споменикот се забележуваат испишани графити, но самиот споменик или таблата не е оштетена.
Споменикот што се наоѓа во неспоредна близина на Студенчишкиот канал беше откриен минатата година, на 11-годишнината од бродската несреќа во која загинаа 15 туристи од Бугарија.
Несреќата се случи на 5 септември 2009 година во 10:30 часот, кога потона бродот „Илинден“ што со 57 патници сообраќаше на релација од Охрид за Свети Наум. „Илинден“ се преврте и потона на околу 250 метри оддалеченост од брегот на езерото, кај автокампот „Елешец“.
Осум од жртвите беа жители на општина Антон, четворица од општина Пирдоп и по еден од општините Златица, Мирково и Рибарица.

Бугарското МНР го осуди сквернавењето на спомен плочата на загинатите бугарски туристи во несреќата на бродот „Илинден“. Министерството за надворешни работи на Бугарија длабоко жали за повторениот чин на сквернавење на спомен плочата на 15-те бугарски туристи кои загинаа во несреќата со бродот „Илинден“ во 2009 година во Охрид, објави прес-центарот на министерството.
Како што јави дописникот на МИА од Софија, според ставот на бугарското Министерство, таков однос кон споменот на невините жртви од трагичниот инцидент е неприфатлив.
– Очекуваме властите во Република Македонија да преземат брза акција за откривање на сторителите и да ги изведат пред лицето на правдата, како и враќање на спомен плочата во автентична форма, се вели во ставот од бугарското МНР.
Бугарската амбасада во Скопје, денеска веднаш испрати протестна нота до Министерството за надворешни работи на Република Македонија, во која се изразува ставот на Бугарија, информира дописникот на МИА од Софија

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This