дома Македонија Пpoтecт вo 13:30, вo Скопје измeнeт cooбpaќaeн peжим

Пpoтecт вo 13:30, вo Скопје измeнeт cooбpaќaeн peжим

СВР Скопје денеска ќе воведе посебен режим на сообраќајот на неколку улици во Скопје поради протест најавен во 13.30 часот, кој ќе почне од паркот во Чаир, а ќе продолжи кон Владата.

Затворени за сообраќај од 13:30 часот до завршување на протестот ќе бидат улиците „Христијан Тодоровски Карпош“, „Џон Кенеди“, „Цветан Димов“, „Крсте Мисирков“ и бул.„Гоце Делчев“, соопшти МВР.

Од СВР Скопје апелираат граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.