дома Македонија Пpoштaлнa cpeдбa на пpeтceдaтeлот Пендаровски со итaлијaнcкиoт aмбacaдор Карло Ромео

Пpoштaлнa cpeдбa на пpeтceдaтeлот Пендаровски со итaлијaнcкиoт aмбacaдор Карло Ромео

Претседателот Стево Пендаровски денеска на проштална средба го прими Карло Ромео, амбасадор на Италијанската Република во Република Македонија.

На средбата се разговараше за билатералните односи меѓу двете држави при што беше констатирано дека меѓу двете држави постои успешен развој на соработката во сите области од заемен интерес. Соговорниците истакнаа дека двете држави негуваат традиционално пријателски односи, со висок степен на разбирање и доверба, како и одличен политички дијалог. Тие го реафирмираа интересот за дополнително интензивирање на економските односи и трговската размена, како и за соработката во областа на одбраната и безбедноста, образованието, културата и туризмот.

Претседателот Пендаровски подвлече дека Македонија високо ја цени конструктивната, јасна и безрезервна поддршка од Италијанската Република на нашиот пат кон полноправно членство во Европската Унија. Соговорниците заеднички се согласија дека интегрирањето на Македонија и на земјите од Западен Балкан во Европската Унија и НАТО е во интерес на регионалната безбедност и просперитет.

Посакувајќи успех во натамошниот професионален ангажман на амбасадорот Ромео, претседателот Пендаровски се заблагодари за досегашниот негов ангажман во нашата држава при што ја истакна успешната реализација на официјалната посета на Италијанската Република што се реализираше во ноември 2019 година и изрази очекување за возвратна официјална посета на италијанскиот претседател на Република Северна Македонија.