дома Македонија ПPOTECTИ НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИJA: Бараат да престанат политичките пpитиcoци

ПPOTECTИ НА ШУМСКАТА ПОЛИЦИJA: Бараат да престанат политичките пpитиcoци

Шумските полицајци од Прилеп, Битола и Македонски Брод денеска излегоа на мирен протест пред своите станици поради како што обвинуваат, политичките притисоци кои се правеле врз нив од страна на власта и нелогичните партиски мотивирани прераспределувања на 40-тина шумски полицајци во Македонија од еден во друг град. Додаваат дека сега морале да патуваат на свој трошок и до 50 километри од дома. Од шумската полиција во Прилеп се преместени двајца во Битола и Македонски Брод.

„Сега имам околу 8.000 денари плус за патни трошоци, до моето работно место од дома има околу 40 км. Превоз нема, одам со сопствено возило“, вели Рубин Мирчески, шумски полицаец од Прилеп, преместен во Македонски Брод.

„Врз нас вршат голем притисок почнуваат ии по телефони да звонат од СДС, ништо да не зборуваме за ова. Ни звонат постојано, нон стоп, звонат со скриени броеви, се закануваат се прават“, кажа Гоце Спиркоски, шумски полицаец од Прилеп, преместен во Битола.

Велат дека прераспределувањата се нелогични затоа што биле направени под изговор за зголем обем за работа, а имало само размена на шумски полицајци.

„Јас сум од ШПС Кавадарци, во ШПС Прилеп. Со сопствено возило сум, може и да го погледнете тука. Сето е политички, намерата е да се откажеме од работа, ама не се откажуваме, да се откажеме сакаат за да си вработат нивни“, истакна Марјан Кочов, шумски полицаец преместен во Прилеп од Кавадарци.

„Ние како синдикална организација бараме сите полицајци кои се разместени во Македонија да бидат вратени во своите матични полициски станици, во спротивно за во понеделник е закажан генерален протест пред Министерството за земјоделство“, Атанас Велјаноски, претседател на синдикална органзација на ШПС Прилеп.

Протестите кои започнаа вчера утре продолжуваат во други градови.