дома Свет Пyкoтници во Кaбул – нaпaднaт вoен авиoн при пoлетувaње

Пyкoтници во Кaбул – нaпaднaт вoен авиoн при пoлетувaње

Кој пукаше врз авионот? Групата „ИСИС-К“, локален огранок на глобалната терористичка мрежа може да биде еден од одговорите. Познати се по нападите врз болниците и училиштата за девојчиња, а групата веќе изврши околу 100 напади врз цивилни цели и уште 250 врз американски, авганистански или пакистански безбедносни сили. Повеќето од нападите се снимаат на мобилни телефони, а потоа се емитуваат преку Интернет.

Италијански авион од типот Ц-130 кој евакуирал 98 цивили од Авганистан бил нападнат од пукотници кои го натерале пилотот да изведе опасен маневар, известуваат италијанските медиуми. Ненадејното пукање доаѓа само неколку дена по дојавата дека голем бомбашки напад ќе се случи на аеродромот во Кабул, пишува Новости.

Кој пукаше врз авионот? Групата „ИСИС-К“, локален огранок на глобалната терористичка мрежа може да биде еден од одговорите. Познати се по нападите врз болниците и училиштата за девојчиња, а групата веќе изврши околу 100 напади врз цивилни цели и уште 250 врз американски, авганистански или пакистански безбедносни сили. Повеќето од нападите се снимаат на мобилни телефони, а потоа се емитуваат преку Интернет.

Плусинфо денеска ја објави и историјата на Хаканите, можеби најекстремната група со која талибанците соработуваат во моментов.

За разлика од Италија, повеќето од европските земји денеска ја вршат последната евакуација од Авганистан и предвреме си одат од земјата, откако талибанците им дадоа рок на Американците и нивните сојузници до 31 август да завршат со своите спасувачки мисии.