Пyтин се зakaни со вojна

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Рускиот претседател Владимир Путин изјави дека Америка е виновна за тензиите во Европа. Москва е крајно загрижена поради фактот што елементите на американската противракетна одбрана се распоредени во близина на руските граници и има целосно право на воено-технички одговор, додаде тој.

„Она што се случува сега, тензијата што постои во Европа е нивна вина“, рече Путин на состанокот на состанокот во Министерство за одбрана.

Тој додаде дека Русија била принудена да реагира на секој чекор, ситуацијата постојано се влошувала и деградирала, а денес повторно е во ситуација кога е принудена да носи одредени одлуки.

Тој исто така рече дека Русија ќе преземе соодветни воено-технички чекори во случај на непријателски потези од страна на САД.

„Имаме целосно право да го сториме тоа“, рече Путин, додавајќи дека Русија не бара никакви ексклузивни услови, туку само еднаква и неделива безбедност во Европа.

„Доколку инфраструктурата на НАТО продолжи да се движи и ако се појави на територијата на Украина, времето потребно за ракетите да стигнат до целта ќе се намали на 7-10 минути, а хиперсоничното оружје на пет минути“, предупреди рускиот претседател.

Зборувајќи за барањето на Русија за безбедносни гаранции од НАТО и од САД, Путин рече дека е неопходно да има некои правни, а не само усни гаранции.

„Ја знаеме цената на таквите усни уверувања, зборови и ветувања“, рече тој.

„Потребни ни се долгорочни правно обврзувачки гаранции, но знаеме дека во тоа не може да се верува бидејќи САД лесно се повлекуваат од меѓународните договори кои за нив стануваат неинтересни поради една или друга причина“, рече рускиот претседател.

Рускиот претседател предупреди и на можноста западните партнери да ги „закопаат“ сите тие напори и предлози, а паузата да ја искористат за да го направат што сакаат.

„Сите треба да разберат, јасно ни е, таков развој на настаните нема да не задоволи“, посочи Путин.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This