дома Македонија „Пyцко Петpoл“, дoби тендepи од пoлa милиoн евpa зa eдeн мecец

„Пyцко Петpoл“, дoби тендepи од пoлa милиoн евpa зa eдeн мecец

Десет тендери од државата само во септември добила фирмата Пуцко Петрол од Пласница. Тежат над половина милион евра. Ќе ја снабдуваат со нафтени деривати општината Прилеп, Здравствениот дом во Штип, судот во Кичево, Универзитетската клиника, општината Чучер Сандево, училиштето Коле Неделковски во Велес, општината Чаир, Пробиштип, Државните електрани и МВР.

Пуцко Петрол е во сопственост на Асмир Јахоски, син на пратеникот на ДУИ, Исмаил Јахоски. Прашавме во Антикорупциска дали има судир на интерес и политичко влијание, што фирма во сопственост на син на пратеник, добива толку државни тендери.

„За да се отстрани сомнежот од постоење потенцијален судир на интереси и ризик од влијание, посебно политичко, потребно е постапката за јавни набавки да биде спроведена на транспарентен начин и да обезбеди фер конкуренција и избор на економски најповолната понуда“, наведе Билјана Ивановска, Претседател на Антикорупциска.

Извор: Алсат