дома Хроника Пykaње во Чаир: Скопјанец приjaвил дека некој се обидел да го зacтpeла...

Пykaње во Чаир: Скопјанец приjaвил дека некој се обидел да го зacтpeла неколку пати него додека шетал по улица

На 24.08.2021 во 23.30 часот во СВР Скопје, Е.Б.(33) од Скопје пријавил дека, додека се движел пеш по сервисна улица помеѓу ул.„Македонско-косовска бригада“ и ул.„Џон Кенеди”, едно лице испукало неколку пати од пиштол кон него, но не го погодило.

Полициски службеници излегле на местото и констатирале дека две зрна завршиле во угостителски објект, едно во објект на бензинска пумпа и едно во помошна просторија на пумпата. Повредени нема, а извршен бил увид и се преземаат мерки за расчистување на случајот.