дома Хроника Пykaње и нaпaд со нoж во Куманово, тешко повpeдeно едно лице

Пykaње и нaпaд со нoж во Куманово, тешко повpeдeно едно лице

На 02.05.2021 во 23.25 часот во СВР Куманово, Е.Ј. од Куманово пријавил дека на ул.„Благој Илиев – Гуне“ имало инцидент во кој учествувал и неговиот брат Е.Ј., при што Б.И.(34) од Куманово пукал со оружје.

Полициски службеници излегле на местото и по кажување на Ј.Х.(45) од Куманово, во врска со настанот, тој и Б.И. околу 23.00 часот биле на крстосницата од ул.„Благој Илиев – Гуне“ и „Тоде Мендол“ и во тој моментим се доближило едно лице кое со остар предмет го нападнал и му нанел убодна рана на Б.И..
Тој бил пренесен во болницата во Куманово се укажување на лекарска помош. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.