дома Балкан Пykaњe вo Сараево: Двe лицa ce paнeти мeѓy кoи и paпepoт Бyбa...

Пykaњe вo Сараево: Двe лицa ce paнeти мeѓy кoи и paпepoт Бyбa Кopeли – oвa ce дeтaлитe

Во сараевската населба Ступ вчера имало пукање во коешто се повредени две лица, а медиумите првично објавија дека бил застрелан раперот Амар Хоџиќ, попознат како Буба Корели и неговиот братучед.

Како што јави Танјуг, раперот ги порекнува наводите дека тој бил целта.

Полицијата потврди дека две лица се повредени во пукањето што се случило попладнето. Тие биле пренесени во Клиничкиот центар на Универзитетот во Сараево.

Едно лице е приведено на местото на настанот поради сомнение дека е поврзано со престрелката.