дома Актуелно РАБОТАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА: Коронавирусот во Македонија зеде 4 нови жртви

РАБОТАТА ИЗЛЕГУВА ОД КОНТРОЛА: Коронавирусот во Македонија зеде 4 нови жртви

Во последните 24 часа регистрирани се 52 нови случаи на заболени од Ковид-19 во земјава. Резултатот е добиен по изработени 661 тест.

Распоред по градови:

Скопје – 26
Тетово – 9
Штип – 7
Куманово – 6
Струга – 2
Велес – 1
Кочани – 1

Истовремено, 30 пациенти се излекувани, а починаа 4 пациенти позитивни на Ковид-19.

Двајца од починатите се од Скопје, еден е од Тетово и еден од Велес.

Со ова вкупниот број позитивни случаи во земјава достигна 2130.

Излекувани се 1516, а починале 126 пациенти.