дома Социјални Мрежи РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Ова е математиката за живот и работа во Германија...

РАБОТА ВО ГЕРМАНИЈА: Ова е математиката за живот и работа во Германија и не изгледа баш најдобро

Постојат многу групи на социјални мрежи за лица од областа на поранешна Југославија кои бараат или нудат вработување во Германија. Но, покрај добриот совет што може да се најде во таквите групи, социјалните мрежи исто така можат да ве измамат.

Посебна е понудата за македонците кои имаат бугарски пасоши – истражувањето по групите на социјалните мрежи покажува дека ова е предност ако барате работа во ЕУ.

Има работа и за македонци со македонски пасош.

Групата за социјално вмрежување е разновидна. Принципот е едноставен: секој член на групата може да побара или да одговори на прашањето за другите поврзани со вработувањето, учењето, потребните документи или случки за секојдневниот живот во Германија.

“Сите сме тука со иста мака, па да се здружиме и да си помагаме за подобро утре”, вели основачот на една од групите на Фејсбук.


На социјалните мрежи при барање работа во странство треба да се биде претпазлив. Повеќе соговорници предупредуваат дека во овие групи има измамници. Поставуваат лажни реклами за работа, и кога некој “ќе загриза”, тие му испраќаат директни пораки преку ФБ или на телефон Тие ветуваат ридови и долини, само ако очајникот во потрага по работа уплати стотина евра за автобус или авионски билет, можеби за средување на документи … Кој ќе наседне, може да се прости од своите пари, пишува Дојче Веле.

 Кога ќе се погледнат вистинските бројки, приказните за милионите во Германија достапни за сите паѓаат во вода. Тука ќе ги видите званичните податоци од Еуростат, а во Германија малку или воопшто има плаќање на црно, така што можете да ги земете како точни.

Просечна плата на градежен инженер или архитект во Германија е 3.000-3.500 евра бруто, или околу 2.200-2.500 евра нето плата. Лекарите имаат околу 500 евра поголема просечна нето плата, а информатичарите примаат просечно околу 3.200-3.500 меселно, примено како нето плата.

Конобарите, куварите и фризерите заработуваат 1.000-1.200 евра месечно нето, платено за нив, и плус заработка од бакшиш доколку го има. Автомеханичари, електричари и градежни работници заработуваат нешто повеќе од нив, или во просек околу 1.400-1.600 евра месечно, и тука сметано на нето, чиста исплатена плата.

Минималната плата во Германија е околу 8,5 евра на час, но тоа е бруто. Зависно од регионот и општината, како нето за вас се исплаќа просечно 6,5 евра на час, минимлано. За 176 часови на работа месечно тоа е околу 1.150 евра нето минимална плата. Тоа е она што, како просек, се прима но, колку мора да се плати ако се живее во Германија.

За кирија, што зависи од местото на живеење и способноста да се плати, мора да се издвои најмалку 600 евра месечно, плус трошоци за греење, вода, струја и интернет. За храна, по човек, ќе ви треба најмалку 200-250 евра месечно, по толку за секој член во семејството и тоа секако доколку ручекот го подготвувате дома, затоа што храната во Германија спаѓа во средно ценовно ниво во однос на богатите европски држави од околината. Ако не се возите со свој автомобил туку користите јавен превоз, зависно од градот, ќе треба да издвоите 50-100 евра секој месец за таа намена

На табелата можете да ги видите просечните трошоци за стан и живот во станот, па видете каде вие се гледате себеси:


Извор
Вечер.мк