дома Социјални Мрежи РАБОТНИЦИТЕ НЕ ИМ СЕ РОБОВИ НА ГАЗДИТЕ: Дете на работничка во „Алкалоид“...

РАБОТНИЦИТЕ НЕ ИМ СЕ РОБОВИ НА ГАЗДИТЕ: Дете на работничка во „Алкалоид“ на социјалните мрежи раскажува за катастрофалниот однос кон вработените

Сведоштво на ќерка на вработена во компанијата „Алкалоид“ која тврди дека нејзината самохрана мајка била изложена на тортура, ги вознемири корисниците на социјалните мрежи кои се обидуваат да и понудат помош и сочувство за нејзината животна вистина.

Сведоштвото ви го пренесуваме во целост:

 Подршка за работникот споделете нека го чита цела јавност ова писмо од девојчето!

Почитувани обичниот човек денес е изложен на секакви тортури !
Посебно кај нас во Македонија работниците се третирани како роботи како животни !
Газдите без трошка жал исто и шефофите без разбирање .

Јас сум ќерка на една самохрана мајка тоа што и се случува на работното место на нејзе и на другите кои што се вработени во фабриката Алкалоид условите се неподносливи . Храната им е намалена , жени кои се болни од тешки болести не се олеснати на работното место . Без паузи , проверувани претресувани секојдневно ! На клими изложени да немаат пауза до тоалет . Ве замолувам да се разбуди свеста во нас обичните луѓе да не премолчуваме нека читаат споделуваат сите без разлика каде работат . Некогаш немаше можност сега може секој да прочита секој да ја види објавата , и истата да стигне до надлежните и власта. Споделувајте доколку имате сличен ваков проблем објавите .

Работникот е човек како и секој друг а не е роб и робот за газдите со фабриките кои немаат осет и жал .
Јас ова го кажувам за мојата мајка која работи а е со полно болести , како плачела на шефицата и ја молела по телефон да ја сменат поради тоа што вистина неможе а таа иста шефица да и се дере на телефон ,да се нема никаков осет жал чувство како човек .

Нека знаат сите како се злоупотребени работниците во Македонија како работат и саботи и недели како се изложени на секакви неправди тортури , а на газдите и шефофите во фабриките ги интересира само профит и комфорт !

Не премолчувајте споделете јавно да знаат сите да се формира група и служба за правата на секој Работник без разлика каде работи да има инфо центар за да се пријави секоја тортура од страна на газдата и фабриката . – стои во текстот објавен на социјалните мрежи.