дома Актуелно РАДИКАЛОТ МУХАМЕД ЗЕКИРИ Е НОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕМИЕР: Зоран Заев на преговарачка...

РАДИКАЛОТ МУХАМЕД ЗЕКИРИ Е НОВИОТ ПРЕДЛОГ ЗА ПРЕМИЕР: Зоран Заев на преговарачка маса го ставил и предлогот за премиер Албанец!

Image processed by CodeCarvings Piczard ### FREE Community Edition ### on 2017-02-05 21:20:27Z | http://piczard.com | http://codecarvings.com

Сега засега по се изгледа дека формирањето на владината коалиција изгледа се поневозможна. Се повеќе тешкотии се појавуваат помеѓу политичките партии, од денот кога претседателот Иванов објави дека нема да го даде мандатот на ниту една политичка партија се додека не добие писмена гаранција за обезбедени 61 пратеник во Собранието на Р.Македонија

 

Додека помалите Албански партии отворено изјавија дека ќе го поддржат Зоран Заев во формирањето н парламентарно мнозинство и Влада, под услов да ја прифати Албанската платформа, ваква изјава сеуште нема од ДУИ кои чекаат СДСМ да се произнесе по т.н. „Албанска платформа“.

Секако, Зоран Заев не би бил свој, и не би го оправдал епитетот „предавник“ доколку не се обиде со сите сили, да продаде што повеќе национални и државни интереси за да ја узурпира власта, па дури и ако треба да го понуди преиерското место на Албанец.

Вечерва на социјалната мрежа Фејсбук, Мухамед Зекири објави дека е спремен да биде премиер и да ја води државата напред, а по тој повод објави и онлајн анкета за да провери со колкава поддршка располага. Дотолку повеќе, ова негово прашање е „спонзорирана објава“.

Меѓу оние кои први ја поддржаа идејата за Албанец премиер беше и директорот на Телма, Атанас Кировски.

Трансформацијата на Мухамед Зекири од независен новинар во висок партиски функционер траеше помалку од 48 часа, што и не зачудува имајќи предвид дека Заев има помалку од 20 дена да го реализира пеколниот план за „решавање на македонското прашање“, односно воведување двојазичност и отворање пат за федерализација и распад на Македонија.

Мухамед Зекири исто така е познат по своите про-вахабистички ставови, но и бројните повици за насилство и линч на неистомисленици. Предлогот на Заев за нов премиер исто така е поддржувач на Балканските радикали, а смета дека Израел е „терористичка држава“ застанувајќи на страната на Ал Акса.

Дека патот на радикалот му е истрасиран уште пред подолго време зборува и фактот што неговите ставови за македонско-албанските односи се совпаѓаат со ставовте на СДСМ: конфликтот во 2001 година, Диво Nасеље, Смиљковското Езеро.

Македонските судови врз основа на докази им изрекоа казни на убијците на петтемина млади кај Смиљковското Езеро, но оние што пукаа врз нив според Зекири се невини.

Токму овој случај, Смиљковско Езеро, беше најсилниот адут со кој Заев се закануваше дека ќе биде бомбата која најсилно ќе експлодира, веројатно во граѓанска војна. Поигрувајќи си со чувсвтвата на семејствата на убиените, Заев ветуваше докази кои на крајот излезе дека ги нема.