Сања Сани Гроздановска македонската пејачка која е мајстор за забави ангажирана е преку целата недела.
Нејзината агенда е толку полна што слободното време пејачката го користи да го помине со своето семејство, односно нејзините ќерки Викторија и помалата Ева, како и нејзиниот сопруг Мартин.
Во февруари минатата година Сани официјално стана Гроздановска и заплови во брчаните води со сопругот за кој вели дека и е најголема поддршка.
Неодамна таа во едно интервју изјави дека нејзиниот сопруг не е љубоморен и дека секогаш ја чува и имаат преубав однос.
Во ноември минатата година таа се реализира и по вторпат во улогата на мајка, на својата ќерка Ева.
Деновиве, Сани имаше повод за славење односно првиот роденден на нејзината миленичка. Меѓутоа, Сани исто така направи и крштевка на ќеркичката.