дома Македонија Разговорите во Траекторија во корист на обвинетите: Владата го штитела државниот интерес

Разговорите во Траекторија во корист на обвинетите: Владата го штитела државниот интерес

Денес во судот се пуштаат “бомбите“ за случајот Траекторија, односно за патиштата градени со кредит од Кинеската банка за поддршка на развојот.

Од досега пуштените разговори кои Заев ги нарекуваше “бомби“, се дозна дека проценката на Агенцијата за патишта на Република Македонија била дека патот Миладиновци-Штип ќе чини 250 милиони евра, а првата понуда од кинеската компанија изнесувала 288 милиони евра.

На крај на постапката, како што е веќе познато, конечниот договор за овој пат изнесувал 206 милиони евра. Ова значи дека низ целиот процес, Владата успеала да го намали износот за цели 82 милиони евра.