April 23, 2024, 11:22 am

Разделени со завеса – Талибанците ја започнаа учебната година

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Иако изгледа како да нема долго да трае (и некако е многу фејкерски) на универзитетите во Кабул и низ земјата, студенти почнаа да одат на предавања и тоа во мешан состав машки и женски, со една новост во целата работа – завеса која ги дели машките од женските студенти.

На општо изненадување жените, не само што не се комплетно прекриени и да личат како да закачиле чаршаф на бегање, туку од сликите се гледа дека носат и чевли со отворени прсти, речиси смртен грев во претходната верзија на талибанците.

Уште не се знае колку време ќе трае толерантноста на талибанците кон ваквата раскалашеност на студентите, меѓутоа во неколку претходни интервјуа тие изјавија дека немаат проблем со образование на жените се додека тие се облечени во хиџаб. Во други изјави тие го сменија хиџаб во никаб (моделот во кој се гледаат само очите).

Освен завесата правилата на талибанците предвидуваат дека само жени смеат да им предаваат на жени, но ако тоа не е возможно тогаш „стари мажи“ со добар карактер може да бидат ангажирани како замена.

Жените исто така мора 5 минути порано да го завршат своите часови за да не се мешаат надвор со мажите.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This