дома Хроника РАКЕТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО АРАЧИНОВО: Девет парчиња минофрлачки ракети пронајдени во Арачиново

РАКЕТИ ПРОНАЈДЕНИ ВО АРАЧИНОВО: Девет парчиња минофрлачки ракети пронајдени во Арачиново

Девет парчиња ракети од минофрлач вчера биле пронајдени во скопско Арачиново.

Случајот во полиција го пријавил Џ.И. кој рекол дека ракетите се во двор од напуштена куќа.

– Увид на местото извршиле екипи од Одделот за недозволена трговија и антитероризам, информираат од МВР.

Полицијата презема мерки за расчистување на случајот.