дома Свет РАКЕТНИ НАПАДНИ НА САУДИСКА АРАБИЈА: Бунтовиницте од Јемен лансирале осум ракети врз...

РАКЕТНИ НАПАДНИ НА САУДИСКА АРАБИЈА: Бунтовиницте од Јемен лансирале осум ракети врз Саудиска Арабија, четири соборени

Системите за противвоздушна одбрана на Саудиска Арабија собори четири балистички ракети, кои се лансирани од припадниците на „Ансар Алах“, на територија на Кралството, наведува саудискиот портал „Аџил“

Ракетите биле соборени над провинцијата Џизан, на југоистокот на кралството. Наведено е дека никој не е повреден.

Претходно, јеменската телевизија Алмасирах соопшти дека бунтовниците лансирале осум балистички ракети тип „бадр-1“ на објекти од економско значење во пограничната провинција Џизан.

Гранатирањето на саудиските објекти од Јемен стана една од главните теми на самитот на Арапската лига, кој е одржан на 15. април во градот Дахран на истокот на Саудиска Арабија. Учесниците на состанокот ги осудија нападите и изразија загриженост поради ескалација на конфликтот.