дома Спорт Ракометарите со убедлива победа на контролниот натпревар против Србија

Ракометарите со убедлива победа на контролниот натпревар против Србија

Македонската ракометна репрезентација оствари убедлива победа на контролниот натпревар за престојното Светско првенство (СП) во Германија и Данска.

Избраниците на селекторот Раул Гонзалес денес во првиот подготвителен натпревар за СП беа подобри од репрезентацијата на Србија во спортскиот центар „Борис Трајковски“ во Скопје со резултат 37 – 31.

Селекторот Гонзалес испроба повеќе различни варијанти, пред сѐ играта без голман (7 на 6) во нападот, но ја менуваше и формацијата во одбраната. На натреварот покрај стандардните репрезентативци, добија шанса и помладите ракометари во репрезентацијата.

Подмладената ракомента репрезентација ја предводводеа искусните репрезентативци, па така Дејан Манасков постигна 9 погодоци, капитенот Лазаров постигна 5, а голманот Борко Ристовски оствари 8 одбрани.

Македонија на СП ќе биде дел од групата Б заедно со селекциите на актуелниот европски првак Шпанија, потоа Хрватска, Исланд, Јапонија и Бахреин. Првиот меч на СП за нашата репрезентација е на 11 јануари во против Јапонија.