дома Балкан Рама: Ветото е школо од ЕУ, Бугарија научи од ЕУ дека може...

Рама: Ветото е школо од ЕУ, Бугарија научи од ЕУ дека може да ја користи локалната политика за блokaди

Премиерот на Албанија, Еди Рама, на 23-то издание на „Сими Симпозиум“ што се одржува во Атина, во своето обраќање ја потенцираше важноста на интеграцијата на Балканот во ЕУ коментирајќи ја одлуката на ЕУ да го одложи почетокот на пристапните преговори со Албанија и со Македонија, по ветото на Бугарија.

„Ставот на официјална Софија е резултат на она што Бугарија го научи во рамки на ЕУ, од големите земји. Научи дека можете да ја користите локалната политика за да ги спречите останатите. На Балканот кога се копира се оди и подалеку од оригиналот. Со ова што се случува сега, ние сме дополнително попречени од национализмите на ЕУ. Патот на интеграцијата во ЕУ зависи од национализмите на ЕУ. Зборувам за национализмите на важните земји кои држат заложници водачи, кои сè уште не се националисти ама стануваат жртви на овие игри“, вели Рама

Рама додаде дека во Албанија била подготвени за старт на преговорите, како што било потврдено и од Европската комисија во Брисел.

„Кога Европската комисија го вели тоа, значи дека сте подготвени да продолжите понатаму. На првата свадба, невестата не дојде. Не дојде ниту на втората. Ние не се ни подготвуваме за третата свадба. Ние не можеме да продолжиме само да се надеваме на нешто“, истакна Рама.