дома Балкан РАМА СО ЕКСПРЕСЕН ОДГОВОР: Избори ќе има, нема да дозволиме преземање на...

РАМА СО ЕКСПРЕСЕН ОДГОВОР: Избори ќе има, нема да дозволиме преземање на државата!

Одлуката на албанскиот претседател, Илир Мета, да се одложат локалните избори што беа закажани за 30 во јуни, не го фати неподготвен премиер Еди Рама.

Тој беше на митинг, и го искористи моментот пред присутните да изјави дека изборие ќе се одржат, бидејќи тоа е одлука на народот, а не на претседателот.

„Не е во ред да се одложат изборите, тоа не е ништо друго туку план за преземање на владата и погpeбување на правдата и државата, но јас очекував ваква одлука на Мета. Ние ќе ги одржиме изборите, бидејќи тоа е избор и право на народот“, изјави тој од говорницата.