Рамиз Мерко по четврти пат избран за градоначалник на Струга

Поврзано

- Advertisement -
- Advertisement -

Уште еднаш се покажа и докажа дека Мерко ги обединува сите заедници во Струга, изјави вечерва за МИА кандидатот на ДУИ и актуелен градоначалник Рамиз Мерко по прогласувањето на победата.

Мерко, кој функцијата градоначалник ја добива по четврти пат, рече дека четвртиот мандат е и поголема одговорност за него, но и поттик за реализација на ветеното и продолжување онаму каде што застанале.

Четвртиот мандат е и поголема одговорност, но ќе биде полесно за реализација на почнатите и ветените проекти. Мило ми е што добив гласови од сите етнички заедници од Струга, за што им се заблагодарувам на сите. Уште помило ми е што повторно се докажа дека Мерко е обединувач на сите заедници во Струга, не само на етничките, туку и на верските и културните, но и на сите политички партии, нагласи Мерко.

Негов против кандидат во вториот круг од локалните избори беше Идри Истрефи од Алијанса за Албанците и Алтернатива, кој преку фејсбук статус им се заблагодари на поддржувачите за довербата.

Latest News

Богата агенда:Со кого ќе се сретнат денес Ковачевски и Османи во Софија?

Владата ја објави денешната агенда на Премиерот Ковачевски, министерот за надворешни работи, Бујар Османи и останатиот владин состав. "Вечерва заврши...

More Articles Like This