дома Македонија РАМУШ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Заев во среда ќе го пречека Рамуш Харадинај...

РАМУШ ДОАЃА ВО СКОПЈЕ: Заев во среда ќе го пречека Рамуш Харадинај во Скопје

На 18 април (среда) косовскиот премиер Рамуш Харадинај ќе ја одржи својата прва посета на Македонија. Харадинај ќе биде пречекан од македонскиот премиер, Зоран Заев и други високи државни функционери, објави Алсат-М телевизија.

Харадинај и Заев ќе разговараат за меѓусоседските односи при што ќе биде одреден и датумот на заедничката владина средба меѓу Македонија и Косово..

Истиот ден, во посета на Скопје ќе биде високата претставничка на ЕУ, Фредерика Могерини.