дома Локално Ранец полн марихуана најден на дрво кај „Воденица“

Ранец полн марихуана најден на дрво кај „Воденица“

Вчера околу 17 часот на локалниот пат што ги поврзува селата Чифлик и Ларце во месноста „Воденица“, полициски службеници пронашле ранец во кој имало четири до пет килограми марихуана.

Ранецот бил оставен на гранка од дрво, а марихуаната била спакувана во најлонски кеси.

Извршен бил увид на местото на настанот, а пронајдената марихуана е подигната и предадена за вештачење.

Се работи на целосно расчистување на случајот.