дома Македонија Раскош во време на бeда: Како изгледа новото министерство на Артан Груби

Раскош во време на бeда: Како изгледа новото министерство на Артан Груби

Министерството за политички систем и односи меѓу заедниците од денес функционира во нови простории, односно во нов објект со вредност од 14 милиони евра.

Инаугурацијата на објектот денеска ја направија заедно премиерот, г. Зоран Заев, претседателот на Демократската Унија за Интеграција, г. Али Ахмети, претседателот на Собранието г. Талат Џафери, првиот вицепремиер г. Артан Груби и вицепремиерот Лупчо Николовски.

Првиот вицепремиер и министер за политички систем, Артан Груби изјави дека објектот ќе биде новиот дом на Министерството за политички систем и додаде дека преку новите простории на министерството се обезбедило и успешно функционирање на политичкиот систем, како и реализација на стратешките приоритети што произлегуваат од Охридскиот Рамковен Договор.

Претседателот на Владата  Зоран Заев во оваа прилика рече дека владата донела одлука за купување на објектот за Министерството за политички систем на 30 декември 2020 година и дека оваа одлука е донесена со цел да се обезбедат максимални услови за работа на ова министерство.