дома Балкан Распишани локалните избори во Косово за 17 октомври

Распишани локалните избори во Косово за 17 октомври

Косовскиот претседател Вјоса Османи нареди на Централната изборна комисија да ги преземе сите неопходни активности за организирање и одржување на локални избори во Косово, соопшти косовското претседателство.

Локалните избори во Косово ќе се одржат на 17 октомври 2021 година, пренесе „Косев“.

Во одлуката на претседателот на Косово се наведува и дека изборите биле распишани по консултации со политички субјекти и во согласност со косовскиот закон за локални избори.

На објавата му претходеше именувањето на новиот претседател на Централната изборна комисија, Крешник Радоничи, по разрешувањето на Ваљдета Дака.