дома Македонија РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА: 1.000 евра за фотографија на која Спасовски...

РАСПИШАН КОНКУРС ЗА НАЈДОБРА ФОТОГРАФИЈА: 1.000 евра за фотографија на која Спасовски не е во друштво на криминалци!

Речиси и да нема фотографија на која Оливер Спасовски, генералниот секретар на СДСМ и технички-министер на МВР кој имаше план да вооружи криминалци од „Алфите“ со автомати да упаднат во УБК, каде што не е фотографиран со криминалец или терористички јатак, а позади него да има Македонско знаме. По тој повод се распишува нов конкурс за фотографија, а најдобрата на која Спасовски ќе биде фотографиран, а да не е во присуство на криминалец ќе добие 1.000 евра


Последната во серијата е фотографија на која Спасоски е фотографиран со криминалец за кој има распишано активна потрага од „Алфите“ за одлежување на пет години затворска казна поради нелегална сеча и продавање на дрва.

На фотографијата со Спасовски е криминалецот Нафи Абдиовски од Патишка Река.

Освен со Абдиовски, Спасовски често може да се види во друштво и на криминалци и затвореници како близнаците од Ѓорче, братот на Јане Тица, Хаџибулиќ, Закир Бекири Чауш, но и останати поситни осуденици за насилен и сериозен криминал.