дома Европа Расплаканите Англичани очајуваа поради поразот од Хрватите: Еве што им порача принцот...

Расплаканите Англичани очајуваа поради поразот од Хрватите: Еве што им порача принцот Вилијам!

После вчерашниот пораз на Англија од Хрватска на Светското првенство во фудбал, принцот Вилијам, инаку голем обожавател на овој спорт, почувствувал потреба да и се обрати на разочараната и расплакана британска нација преку официјалниот Твитер профил на Кенсингтонската палата.

-Знам колку разочарана сега се чувствува Англија, ама не може да бидат погорди на овој тим. Би требало да одите со крената глава. Бевте неверојатни, влеговте во историјата  и ни дадовте на нас фановите  нешто во што можеме да веруваме. Знаеме дека од овој тим се уште имаме што да видиме- напишал емотивниот принц.

Неколку дена претходно и тој и неговиот барт, принцот Хари беа уверени дека фудбалот се враќа дома, но после синоќешниот натпревар потполно е јасно дека фудбалот не се враќа во Англија.