дома Актуелно Распука бетонот на Заев, постигнат консензус помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за избори...

Распука бетонот на Заев, постигнат консензус помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ за избори на 15 јули?

Распука ли бетонот на Заев, се срушија ли како кула од карти сите оние тези на СДСМ за „фиксниот“ датум за избори на 5 јули? Неофицијално помеѓу двете најголеми политички партии во Македонија е постигнат договор за поместување на датумот за избори од 5 на 15 јули со што ќе даде доволно време за да се исполнат двата услови на опозицијата кои вчера со македонската јавност ги сподели Христијан Мицкоски на својата прес-конференција.

Вчера Мицкоски како главен приоритет го истакна здравјето на граѓаните и задолжителни здравствени протоколи за заштита на граѓаните кои ќе го остварат своето гласачко право, дополнително лидерот на опозицијата побара задолжително изборите да бидат проследени од странски набљудувачи на ОБСЕ/ОДИХР.

И покрај заканите за станување на лева нога на Зоран Заев, очигледно лидерот на СДСМ повеќе ја нема контролата која што претходно ја имаше врз политичките процеси во државата.

Имајќи ги во предвид двата услова на опозицијата за одржување на избори, при постигнувањето на коснензус истите многу веројатно се исполнети.