дома Свет Растат тензиите: САД пpecтана да издава визи за руски државјани

Растат тензиите: САД пpecтана да издава визи за руски државјани

Амбасадата на Соединетите Американски Држави во Русија, повикувајќи се на „недостаток на персонал“, речиси целосно го суспендираше издавањето визи за руските граѓани, се наведува во коментарот на портпаролот на Министерството за надворешни работи од Русија, Марија Захарова.
„Вината се префрла на руските власти, кои забранија вработување на локални работници како помошници -конзуларни службеници“, се вели во соопштението.

Захарова посочи дека таквите изјави се „благо речено, подмолни и погрешни“. Таа потсети дека руските амбасади во САД продолжуваат да издаваат визи во целост, и покрај недостатокот на персонал и одбивањето на Стејт департментот да им издаде визи на новите вработени во руските конзуларни претставништва.

Претходно, американската амбасада, поради взаемните мерки на Русија за санкции, објави дека ќе престане да ги обработува барањата за виза, освен за дипломатски патувања од 12 мај.
Москва претходно побара Вашингтон да не вработува Руси во дипломатските мисии, што беше реципрочна мерка на санкциите што САД ги воведоа во април.