дома Македонија РАСТЕ ЕПИДЕМИЈАТА НА НЕПОТИЗАМ: Синот на Хани и сваќа на Бектеши вработени...

РАСТЕ ЕПИДЕМИЈАТА НА НЕПОТИЗАМ: Синот на Хани и сваќа на Бектеши вработени во ЕЛЕМ!

Функционери на ДУИ продолжуваат со вработување на блиски членови на семејствата и по укажувањето на премиерот Зоран Заев.

Синот на Тахир Хани, заменик-генерален секретар во Владата, е нововработен во АД ЕЛЕМ. Назми Хани е вработен на местото референт во подружница Треска на Електрани на Македонија. Веста за Алсат ја потврдиле и владиниот функционер, и компанијата.

Сваќа на министерот за економија Крешник Бектеши е исто така примена на работа во АД ЕЛЕМ. Станува збор за Нертила Усеини Каба, која е жена на братот на неговата сопруга.